Рецепт за бургери со моркови и грав

Многу вкусни, свежи и лесни за подготовка. Овие бургери можете да ги јадете за ручек или вечера.
Рецепт за бургери со моркови и грав
Потребни состојки:
400 гр моркови
200 гр грав од конзерва или веќе сварен
лук по вкус
1 лажица брашно
лебни трошки
сол и бибер по вкус
масло
Начин на подготовка:
Изрендајте ги морковите, додајте го гравот и блендирајте.
Потоа, додајте ги лукот, солта и биберот. Блендирајте.
Направете бургери и ставете го секој бургер во лебните трошки.
Потоа, пржете ги во масло или печете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.