Рецепт за варени и печени костени

Loading...

Еве како да подготвите печени и варени костени.
Печен костен
Засечете ги костените, ставете ги во тенџере, малку посолете и налите со вода колку да ги прекрие костените. Гответе додека не зовире и потоа исцедете ги и ставете ги на хартија за печење. Печете ги костените во загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути. Готовите костени прекријте ги со крпа и оставете ги само пет минути.


Варен костен
Костените засечете ги и варете ги во посолена вода 30 минути или додака не омекнат. Должината на готвење и печење зависи од големината на костените.
Уживајте во костените уште додека се топли, но можете да ги подгревате и кога ќе се изладат.
Варените костени чувајте ги во фрижидер до три дена, а печените слободно можете да ги чувате во чинија на собна температура, но само прекриени за да не се сушат.
Уживајте!

loading...