Рецепт за вкусен колач со мандарини

Loading...

Мандарините дефинитивно се меѓу овошјето што може да се консумира на различни начини! Денес споделуваме еден вкусен рецепт со мандарини, бадеми, маслиново масло… и уште многу други вкусни состојки!
Рецепт за вкусен колач со мандарини
Потребни состојки:
За тестото:
2 јајца
110 г пченкарно брашно
170 г пченично брашно
12 г прашок за пециво
170 г јогурт
80 г маслиново масло
170 г мед
1 лажица ликер амарето
1 јаболко
3-4 мандарини
бадеми


Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 ° С.
Јајцата, медит, маслото и амарето се мешаат неколку минути додека не се добие пенеста смеса. Измешајте го брашното и прашокот за пециво и наизменично додавајте јогурт. Додадете рендана кора од мандарини и рендано јаболко. Измешајте добро.
Калапот премачкајте го со путер и посипете го со брашно (отстранете го вишокот), истурете ја смесата и протресете да се изедначи.
Излупете ги мандарините и исечете ја на парчиња. Наредете ги по желба.
Печете во загреана рерна 40-50 минути, во зависност од рерната, или додека чепкалката не излезе сува. Оставете да се излади, посипете малку со шеќер во прав и украсете со бадеми.

loading...