Рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе

Loading...

Овој рецепт не е од оние само со 5 состојки, но целиот процес има само 5 чекори, а вашата кујна ќе биде полна со есенска атмосфера и прекрасни мириси!
Рецепт за вкусен леб со тиква и глазура од кафе
Потребни состојки за лебот:
200 г брашно
2 лажички микс зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
20 г шеќер
130 г пире од тиква
20 г пире од банана
60 милилитри млеко по избор
60 милилитри јаворов сируп или мед
60 милилитри растително масло
2 јајца
1 лажица јаболков оцет
малку рендан ѓумбир
кафеав шеќер
семки од тиквa


За глазурата:
30 г шеќер
1 лажичка микс зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер
1 лажичка екстракт од ванила
2-3 лажици кафе
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во средна чинија додадете ги сите суви состојки и мешајте ги.
Во голем сад ставете ги течните состојки и мешајте додека не се соединат. Ставете ги сувите состојки во оваа смеса и мешајте.
Ставете ја смесата во тава за леб (9×3 цм) и врз смесата ставете од семките од тиква и кафеавиот шеќер.
Печете околу 40 до 50 минути. Најдобро е да го поставите лебот на средната решетка, бидејќи му треба растојание кога ќе нарасне.
Кога ќе останат околу 10 минути пред да го извадите лебот, комбинирајте ги сите состојки за глазурата и мешајте додека не добиете густа смеса. Откатко вашиот леб ќе биде целосно испечен, извадете го и испрскајте со глазурата од кафе. Оставете да отстои од 5 до 10 минути, а потоа уживајте.

loading...