Рецепт за зајакнување на имунитетот за 15 секунди

Професор д-р Сергеј Бубновски, познат специјалист за кинезитерапија , препорачува едноставен метод за зајакнување на имунитетот.
Секоја вечер, кога се враќате дома после напорниот работен ден, ставете во када или леген 10-15 сантиметри ладна, ледена вода.
Никако не додавајте топла вода!
Потоа влезете боси и тапкајте ги стапалата по ледената вода само 10-15 секунди!


Потоа излезете од кадата или легенот и избришете ги нозете со груб фротирски пешкир и облечете волнени чорапи. Така правете секоја вечер и значително ќе го засилите вашиот имунитет.
Ако веќе имате грип, тоа е причина повеќе од одлучно да го зајакнете вашиот имунитет. Во тој случај тапкајте со боси нозе по ледената вода на секои 4 часа.
Универзитетот во Вирџинија открил дека ладната вода помага во подигање на хормоните кои го зајакнуваат имунитетот.
Ладната вода ги има следните предности:
Се бори против депресија
Ги ублажува болките во мускулите
И дава сјај на косата
Го подобрува здравјето на кожата.