Рецепт за кнедли со јаготки – не е комплицирано како што изгледа

Loading...

Во сезоната на јаготки постојано сме во потрага на нови рецепти во кои ќе ги вклучиме.
Освен стандардните сокови, џемови, мармалади и сладоледи од јаготки, пробајте да направите слатки кнедли.
Постапката е многу поедноставна отколку што на прв поглед ви се чини.
Потребни состојки:
1kg компири
2 јајца
50g путер
Малку сол
400g ситно брашно
12-16 поголеми јагоди
100g мелен кокос
Арома од малина или јагоди
2 кесички ванилин шеќер


Подготовка:
Компирите сварете ги добро заедно со лушпите, а откако ќе бидат сварени излупете ги и додајте им го путерот и малку сол. Направете пире и оставете го да отстои.
Во оладеното пире додајте ги јајцата и добро измешајте. Потоа додадете го брашното и направете мазно тесто од кое ќе обликувате кнедли.
Во секоја кнедла втиснете една јаготка.
Загрејте вода до степен на вриење, па во неа пуштете неколку кнедли. Откако ќе испливаат на површина, варете ги 10-тина минути.
Извадете ги и исцедете ги во голема цедалка. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите тестото.
Во пластичен сад со капаче ставете го кокосот и додадете му неколку капки од аромата која сте ја одбрале. Затворете го садот и протресете, за аромата да се пренесе по целиот кокос.
На крајот додадете ванилин шеќер и повторно промешајте.
Кнедлите ставете ги во кокосот и валкајте ги. Оставете ги добро да се оладат пред послужување.
Ако сакате, може врз нив да додадете чоколаден прелив, крем или домашен џем од јагоди.

loading...