Рецепт за колачиња со тиква

Loading...

Рецепт за колачиња со тиква
Потребни состојки:
320 г брашно
4 г прашок за пециво
4 г сода бикарбона
5 г цимет
други зачини: индиско оревче, каранфилче
сол
110 г путер
300 г шеќер
350 г пире од тиква
1 јајце


За глазурата:
115 г путер
240г шеќер во прав
екстракт од ванила
15-20 милилитри млеко
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Комбинирајте го брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона, циметот, солта и другите зачини, а потоа оставете ги настрана.
Во среден сад миксирајте ги путерот и шеќерот.
Потоа додадете го јајцето, тиквата и ванилата и миксирајте додека не добиете кремаста смеса.
Потоа додајте ги сувите состојки.
Ставете ги во плех со хартија за печење и печете околу 15 – 20 минути.
Потоа за глазурата се топи путерот на средно-висока температура до златно-кафеава боја, околу 10 минути.
Истурете го путерот во сад и додадете шеќер, ванила и 15 мл млеко – промешајте додека не се изедначи. Потоа ставете ја смесата врз колачињата.

loading...