Рецепт за кремаста лимонада со ананас

Loading...

Кремастата, освежителната и едноставната лимонада ја должи својата сладост на благото кондензирано млеко, како и на сокот од ананас.
Хит пијалак за ова лето: Рецепт за кремаста лимонада со ананас
Потребни состојки:
6 лимони
60 милилитри благо кондензирано млеко
200 мл сок од ананас
100 грама шеќер
500 мл вода
ситен мраз
Начин на подготовка:
1. Ставете го мразот во бокал од 2 литри. Исечете 2 лимони на тенки парчиња и ставете ги во бокалот со мраз.
2. Исцедете 4 лимони и измешајте ги млекото, сокот од ананас и шеќерот. Мешајте додека не се раствори шеќерот.
3. Истурете го сокот од лимон и ананас над мразот. Наполнете го бокалот со вода и мешајте додека не се соедини смесата.
Погледнете го и овој рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома.

loading...