Рецепт за мусака со тестенини

Loading...

Потребни состојки:
350 грама мелено говедско месо
150 грама мелено свинско месо
400 грама тестенини
400 грама доматно пире
1 кромид
1 лажица концентрат од домати
сол, бибер
пармезан
За бешамел сос:
60 грама путер
60 грама брашно
700 мл млеко
морско оревче
сол, бибер
Начин на подготовка:
1. Ставете ги тестенините да се варат и извадете ги 1-2 минути пред да омекнат.
2. Испржете го исечканиот кромид и додајте го меленото месо, па додајте сол и бибер. По десет минути, додајте го концентрат од домати и доматното пире и гответе уште 20 минути.
3. Стопете го путерот во сад, додајте го брашното и пропржете кратко. Потоа, додајте го топлото млеко мешајќи со жица за матење, додајте сол, бибер и морско оревче и оставете да се излади.
4. Премачкајте го садот за печење со масло и наредете еден ред тестенини, додајте го мелено месо, потоа неколку лажици бешамел сос и повторете ја постапката за да завршите со тестенините. Одозгора прелијте со бешамел сос и посипете пармезан.
5. Печете на температура од 200 °C околу 30 минути и оставете да се излади 15 минути пред да го сервирате јадењето.

loading...