Рецепт за највкусната чоколадна торта

Ви го споделуваме рецептот за највкусната чоколадна торта за чија подготовка ви е потребен околу 1 час. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!

Потребни состојки за пандишпанот:
200 грама брашно
150 грама шеќер
150 грама путер
130 грама темно чоколадо
3 јајца
3 лажици млеко
1,5 лажица какао во прав
1 лажица подготвено инстант кафе
1лажичка прашок за пециво
¼ лажичка сода бикарбона
Состојки за филот:
170 грама шеќер во прав
80 грама путер на собна температура
2 лажици шлаг
1,5 лажици какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
парчиња темно чоколадо за декорација

Рецепт за највкусната чоколадна торта

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Подгответе два калапи за колачи со дијаметар од 20 сантиметри. Намачкајте ги со путер и/или покријте ги со хартија за печење.

Растопете го чоколадото со млекото наменето за пандишпанот. Ставете го на страна.

Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додадете по едно јајце, инстант кафе и стопеното чоколадо. Мешајте додека не се соединат состојките.

Во посебен сад додадете ги брашното, какаото во прав, прашокот за пециво и сода бикарбона. Измешајте ги овие состојки во смесата базирана на јајца.

Поделете ја смесата на два еднакви дела и префрлете ја во подготвениот калап.

Ставете го пандишпанот во загреана рерна 20 до 25 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали пандишпанот е целосно испечен. Оставете да се излади.

Додека пандишпанот се лади, подгответе го кремот за филот: со миксер изматете ги путерот, шлагот и екстрактот од ванила. Постепено додавајте какао во прав и шеќер. Мешајте десет минути додека не добиете еднолична цврста смеса.

Распоредете ја смесата помеѓу двете кори и по целата површина и декорирајте со парчиња темно чоколадо.

Оставете ја тортата во фрижидер пред сервирање. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи: