Рецепт за палачинки од тиквички со сланина и павлака

Loading...

Тиквичките се одлична летна храна без разлика како ќе ги подготвите. Но, дали имате пробано палачинки од тиквички со полнеж од сланина и павлака? Ако одговорт е не, тогаш погледнете го овој рецепт и побрзајте да ги пробате!
Рецепт за палачинки од тиквички со сланина и павлака
Потребни состојки:
1 средна тиквичка
3 големи јајца
80 милилитри млеко
10 милилитри минерална вода
50 г брашно
50 г рендано сирење
1/2 врски копар
сол и бибер


За полнежот:
сланина
павлака
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете ја 10 минути, а потоа исцедете ја.
Измешајте ги јајцата со брашното, ренданото сирење, сечканиот копар, солта, биберот, млекото и додајте ги тиквичките. Додадете минерална вода за да добиете густа смеса за палачинки.
Добро измешајте ја смесата и пржете ги палачинките во тава со малку зејтин.
Во друга тава пржете ја сланината. Потоа, премачкајте ги палачинките со павлака, додадете ја сланината, завиткајте и сервирајте.

loading...