Рецепт за подготовка на совршено тесто за пица

Loading...

Ако сте љубители на пица и сакате почесто да ја подготвувате како специјалитет во домот, тогаш вреди да го пробате овој едноставен рецепт за совршено тесто за пица.
Станува збор за рецепт од состојки кои веќе ги имате по дома, а се подготвува за многу кратко време.
Потребни состојки:
– 300 грама брашно, 3 лажички маслиново масло, 1 лажичка сол, 2 дл топла вода, 1 лажичка шеќер, 1 кесичка сув квасец или половина коцка свеж квасец.
Подготовка:
Растворете го квасецот во топла вода со шеќерот и маслиновото масло, па добро измешајте. Во сад измешајте го брашното со солта, па кога ќе проработи квасецот додадете го во брашното. Замесете тесто и оставете го да нарасне (10-15 минути).
Тестото поделете го на 4 топчиња, секое растегнете го на набрашнета подлога и филувајте по желба.
Печете на температура од 220 до 240 степени Целзиусови околу 15 минути.

loading...