Рецепт за посни тортиљи со туна и зеленчук: Меки одвнатре, а крцкави однадвор

Вкусен ручек готов за 10 минути
Веруваме дека на сите ви е познато тоа чувство кога немате инспирација и волја да подготвите јадење, а од друга страна сепак сте расположени за убава и вкусна закуска.
Препознатлив дел од мексиканската кујна – тортиљите, во основа се многу лесни за подготовка, а најдобро од се, можностите за комбинирање на вкусови се речиси неограничени.
Затоа за вас подготвивме рецепт за посна комбинација за која сме сигурни дека ќе ја подготвите и кога ќе поминат деновите на постот.
Состојки:
4 тортиљи
2 конзерви туна
100 гр зелена или ајсберг салата
4 лажички посен мајонез
1 главица кромид
Зачини по вкус
Подготовка:
Тортиљите премачкајте ги со посен мајонез, па наредете ја салатата.
Исечкајте го кромидот, додајте го во туната, па зачинете и сè убаво измешајте. Намачкајте го филот преку тортиљата, па свиткајте во ролна.
Постапката повторете ја со останатите тортиљи.
Загрејте една тава, додадете малку масло, па спуштете ја тортиљата.
Имајте на ум дека торилата е готово тесто, па затоа не треба да се пржи долго време.
По помалку од половина минута, свртете ја тортиљата на другата страна, а потоа ставете ја на чинија.
Послужете топло.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.