РЕЦЕПТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ! Направете тортиљи за буквално 15 минути!

Loading...

Колку пати ви се случило да ви се пријадат тортиљи, но ве мрзи да одите во продавница. Еве решение. Направете вкусни тортиљи за само 15 минути, наполнете ги со фил по желба и уживајте!
СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
1/2 лажичка сол
175 мл вода
3 лажици масло


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте брашно и сол, а потоа додајте постепено вода и масло. Префрлете го тестото на побрашнета површина и добро замесете. По потреба додајте уште брашно или вода како би добиле глатко тесто. Тестото оставете го десетина минути.
Поделете го тестото на осум делови. На побрашнета површина развлечете ги сите делови од тестото како би добиле тенки тортиљи.
Печете во голема тава на малку масло. Тортиљите печете ги на средна температура по околу минута од секоја страна, додека благо не поруменат.

loading...