Рецепт за појадок: Слатки печени компири со кокос и боровинки

Loading...

Потребни состојки:
2 средни слатки компири
4 лажици јогурт
2 грста свежи боровинки
2 лажици путер од бадем
1 лажица снегулки од бадем
2 лажици снегулки од кокос
Начин на подготовка:


Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Измијте ги компирите и направете неколку дупки. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги 45-50 минути.
Измешајте го јогуртот со снегулките од кокос, а путерот од бадем со снегулките од бадем.
компирите ќе се испечат, внимателно исечете ги на половина, но внимавајте да не ги пресечете целосно.
Наполнете го слаткиот компир со путерот од бадем и потоа прелијте го со јогуртот со кокос. На крајот додајте ги боровинките.

loading...
Loading...