Рецепт за собиранки – Солен ролат на 4 начини

Loading...

За летните собиранки изберете еден или повеќе омилени вкусови и направете сочни и неодоливи ролати.
Одвојте малку време во текот на викендот за да подготвите еден или можеби 4 ролати во сите вкусови, на кои нема да одолеете.
Се подготвуваат едноставно, со домашно или готово тесто, се полнат, печат и сечат.
Кој ви е омилен вкус?
Прв начин
500g пица тесто
250g бешамел сос
20 парчиња кашкавал
15 парчиња салама
Наредете ги состојките, замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.


Втор начин
500g пица тесто
750g мелено месо
1 кромид
Доматен сос, лук во прав, бибер, сол
Измешајте ги состојките со месото и пропржете, па потоа наредете ја смесата, замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.
Трет начин
500g пица тесто
125g ситно сечкано пилешко месо
180g пиперки, сечкани
Доматен сос
Зачини
100g рендан кашкавал
Измешајте ги месото, пиперките, зачинот и доматниот сос. На тестото наредете рендан кашкавал, а потоа измешаната смеса. Замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.
Четврти начин
500g пица тесто
125g ситно сечкано месо
200g песто
75g рендан пармезан
Кашкавал 12 парчиња (или колку е потребно за цело тесто)
Измешајте го месото со песто сосот и додадете рендан пармезан. На тестото наредете парчиња кашкавал, а одозгора смесата. Замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.
Видео за детален начин на подготовка на сите 4 начини:

loading...