Рецепт за совршена шопска салата

Loading...

Одличен рецепт за совршена шопска салата.
СОСТОЈКИ:
500 гр домати
600 гр краставици
200 гр црвени пиперки
200 гр зелени пиперки
60 гр млад кромид
1 лута пиперка
1/2 лажичка сол
зачин
бибер
70 мл масло
2 лажици јаболков оцет
150 гр фета сирење


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Доматите, излупените краставици и пиперките исчистете ги од семки и исечкајте ги на коцки.
Зеленчукот ставете го во длабок сад, па додајте кромид исечкан на кругови и ситно сечкана лута пиперка. Добро измешајте.
Пред послужување, салатата посолете ја, побиберете ја, додајте масло, оцет и добро измешајте. На краај додајте исечкано фета сирење.
Добар апетит!

loading...