Рецепт за совршени тестенини со зеленчук: Може да ги јадете за ручек или вечера, а ќе ги подготвите за 15 минути

Loading...

По празниците, добро ќе ви дојде лесен оброк, а овој едноставен рецепт ќе ви помогне брзо да го подготвите
Велигденските празници се зад нас, така што рецептот за лесен и пријатен оброк добро ќе му дојде на вашиот стомак по „тешката“ храна.
Со денови имавте полна трпеза со разни деликатеси, претежно месо и слатки, а сега организмот „бара“ нешто лесно и вкусно.
Овој едноставен рецепт за тестенини и зеленчук, кој ќе го подготвите за 15 минути, ќе го воодушеви вашето чувство за вкус, но и стомакот, по празниците.
Може да го направите за ручек, но и за вечера.
Состојки:
300 гр тестенини
2 главици (поголеми) кромид
1 (голем) морков
1 конзерва пченка
1/2л неутрална павлака за готвење
1 прстофат босилек
Бибер, сол и сув зачин по желба
1 лажичка сечкан магдонос


Подготовка:
Ставете ги тестенините во еден литар вода каде ќе додадете малку сол за да ги сварите. Исечете го кромидот на коцки, ставете малку масло во тавата, и кога ќе се загрее, додадете го кромидот исечкан на мали коцки.
Изрендајте го морковот, исчистете ги тиквичките и исечете ги на коцки. Кога кромидот малку ќе се издинста, додадете го ренданиот морков и сецканите тиквички. Додадете сол.
По пет, шест минути, кога тиквичките ќе омекнат, додадете ја пченката и зачините (бибер, сув зачин и босилек). Оставете да поврие уште две или три минути и додадете ја павлаката, па варете сè заедно уште пет минути.
Во меѓувреме, процедете ги тестенините што веќе сте ги зготвиле и додадете ги со бавно мешање во сосот што сте го направиле.
Одозгора поросете со сецкан магдонос.
Ова јадење без месо ќе го разгали вашето тело по празниците.
Пријатно!

loading...