Рецепт за совршено студено кафе: Ќе ви стане омилено по првата голтка

Loading...

Многу љубители на кафе во текот на летниот период, поради високите температури, бараат студена верзија на овој напиток.
Постојат многу рецепти, но важно е да се направи добра основа и потоа да се додаде нешто по ваш вкус.
Што ви е потребно за совршено студено кафе?
-Чаша полна со коцки мраз
-1 чаша сварено кафе, оладено на собна температура
-2 лажици млеко или слатка павлака (по избор)
Подготовка:
Истурете ладено кафе во чаша мраз. Додадете млеко или слатка павлака и нежно промешајте.
Ако сакате, ставете си некој од овие додатоци:
Сладолед
Цимет
Парчиња чоколадо или стопено чоколадо
Свежи листови од нане
Парчиња бисквити
Шлаг
Екстракт од ванила или бадем

loading...