Рецепт за среќна врска: Паметните парови ги избегнуваат овие работи!

Во животот , а особено во љубовта, некогаш мора да избереме дали ќе бидеме во право или ќе бидеме среќни.
Добриот стар „прости и заборави“ механизам е неопходна состојка во секој успешен и долгорочен однос, затоа што ви дозволува иднината да ви биде приоритет и истовремено ве спречува да заглавите во минатото.
И покрај тоа што ви велат дека нема правила, сепак има одредени работи кои кога ќе се спојат заедно прават совршен рецепт за среќна врска. Според сите параметри, среќните парови не ги прават овие работи и успеаваат да имаат одличен живот полн со хармонија и среќа:
Расправање за тоа кој прави повеќе
Среќните парови работат како тим и не водат расправи за тоа кој завршил повеќе обврски. Тие имаат заедничка цел и заедно работат за животот да им биде што посреќен и што подобар.


Минатото
Некои луѓе кога ќе влезат во врска имаат навика да ги споредуваат сегашните и поранешните партнери, а тоа води кон развивање на најразлични несигурности и неделотворност во врската и нејзиниот развој. Ако навистина сакате да бидете среќни, морате да научите да го оставите минатото таму каде што припаѓа: зад себе.
Потребата да се биде постојано заедно
Здравите врски се темелат на тоа и двајцата да пронајдат време за себе, својата работа, своите интереси и хобија. Кога најпосле ќе дојдете дома, ќе имате за што да зборувате и за што да се смеете, раскажувајќи си ги сите згоди и незгоди. Тогаш се исклучувате од остатокот на светот и уживате во заедничките моменти. Ако сте заедно секоја минута од секој час, вие на крајот нема да можете да се поднесете.
Потреба за тајновитост
Потрудете се да нема тајни помеѓу вас. Таквото верување може да се стави под знак прашање само ако се сомневате и имате причина за тоа, меѓутоа тука не припаѓаат параноични напади и навреди без буквално ниту една причина.
Кавги со семејството
Не ви се допаѓаат родителите на другата страна? Па што? Среќните парови знаат дека по тоа прашање малку работи можат да се променат, па затоа учат да се носат со тоа и со поставување на одредени граници. Што и да се случува, не дозволувајте вакви работи да ви го реметат мирот и среќата.

Loading...