Рецепт на денот: Запечени тортиљи со пилешко

Loading...

Потребни состојки:
1 кг пилешко месо
30 мл масло
1 кромид
250 г моцарела
200 г пченка
4-6 тортиљи
30 мл путер
30 г брашно
250 мл пилешки бујон
150 мл павлака
Магдонос
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо, посолете и прелијте го со масло, а потоа пржете го додека да добие убава боја. Промешајте го со исечкан кромид, шеќер и додајте 50 г моцарела. Наполнете ги тортиљите со смесата со пилешко и замотајте ги.
Во тава растопете путер и додајте брашно. Пржете околу 30 секунди. Постепено додавајте го пилешкото месо и гответе додека да се згусне сосот. Во смесата додајте и павлака. Прелијте го сосот преку тортиљите, наросете со преостанатото сирење и печете околу 20 минути на 180 степени. Откако ќе се испечат, декорирајте со магдонос.

loading...