Рецепт на денот: Пастрмка со бадеми

Loading...

Потребни состојки:
Пастрмка
Главица кромид
1 морков
50 гр шампињони
30 гр грашок од конзерва
50 гр интегрален ориз
Половина лажичка ѓумбир
10 исечкани бадеми
Сол
Начин на подготовка:


Исечкајте го кромидот, исечкајте го и морковот и пропржете ги во тава. Додајте ги исечканите шампињони, грашокот, оризот, додајте ѓумбир, пет исечкани бадеми и зачинете. Додајте малку вода и оставете да се вари.
Посолете ја пастрмката и направете отвор на неколку места, па наполнете ја со оваа смеса. Преостанатите бадеми наредете ги врз рибата. Печете ја рибата во рерна на 200 степени.

loading...