Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

Loading...

Топло и вкусно – одлична идеја за предјадење или оброк комбиниран со салата.
Состојки:
500 гр компири
4 парчиња млад кромид
100 гр кашкавал
1 јајце
Презла
2 лажици брашно
Сол и бибер
Масло


Начин на подготовка:
Сварете ги компирите во посолена вода, и исечкајте го младиот кромид. Направете пире откако ќе се изладат компирите. Додајте рендан кашкавал, млад кромид, јајце, брашно, сол и бибер.
Од добиената смесата, со навлажнети раце формирајте крокети, ставете ги во презла и оставете ги да отстојат во фрижидер најмалку половина час. Пржете ги на масло од сите страни за да добијат златеста боја.

loading...