Рецепт на денот: Топло чоколадо со рум

Loading...

Овој рецепт за топло чоколадо со рум е совршен пијалак за да се загреете во студените зимски денови! Додадете маршмалоу и уживајте!
Потребни состојки:
20 милилитри млеко
45 г темно чоколадо
1 лажичка цимет
2 лажички какао
1 лажица кафеав шеќер
1 лажица рум
маршмалоу по избор


Начин на подготовка:
Загрејте го млекото, а потоа намалете го огнот и додадете исечкано чоколадо и цимет.
Мешајте додека не се стопи чоколадото. Додадете какао во прав и кафеав шеќер и добро промешајте.
Исклучете го огнот и промешајте заедно со румот.
Додајте маршмалоу и уживајте!

loading...