Реченици кои ќе ви помогнат во тешки времиња: „Секогаш е подобро да грешиш отколку да глумиш совршенство“

Loading...

Животот понекогаш е навистина тежок и често налетуваме на многу препреки и проблеми кои ги тестираат нашите нерви и во тие моменти мораме да се сетиме дека исклучително е важно да не потклекнеме и да не дозволиме да ни се скрши духот.
Во продолжение неколку реченици кои би можеле да ви помогнат да ги совладате препреките:
„Јас не можам да контролирам сѐ што ми се случува, можам само да го контролирам начинот на кој реагирам на она што се случува. Во мојата реакција е мојата моќ.“
„Нема да се грижам околу она што би можело да биде и што би требало да биде. Наместо тоа, ќе барам моќ и можности во она што се случува баш во овој момент.“
„Морам да прифатам сѐ што ми се случува и единствена важна работа е да го прифатам тоа најдобро што можам.“
„Секогаш е подобро да грешиш отколку да глумиш совршенство.“
„Никогаш нема да бидам толку добар како што сите ми кажуваат кога победувам, ниту пак некогаш ќе бидам толку лош како што мислам за себе кога губам.“
„Помалку ќе мислам на решавање на своите проблеми, а повеќе на обликување на својот начин на размислување. Ќе останам позитивен/а.“
„Предизвикот станува препрека само ако го дозволам тоа.“
„Ќе застанам на нозе после секој неуспех. Колку побргу за вратам на себе по неуспехот, побргу ќе дојдам до целта која сакам да ја остварам.“


„Нема да се обидам да се кријам од моите стравови, затоа што знаам дека тие не се тука да ме исплашат. Тие се тука за да ми покажат дека нешто вредам.“
„Постои голема разлика помеѓу празен умор и задоволна исцрпеност. Животот е прекраток. Ќе се занимавам со активности кои ме инспирираат.“
„Ако немам време за она што е важно, ќе престанам да ги правам работите кои не ми се важни.“
„Не можам да го изградам својот углед на темел на она што можеби ќе го направам еден ден.“
„Иднината можеби ќе се разликува од сегашноста, а јас, токму сега, имам моќ да ја обликувам.“
„Среќата ќе дојде кај мене кога ќе дојде од мене.“
„Ќе се хранам со љубов. Ќе се движам со љубов. Ќе зборувам со љубов. Ќе живеам со љубов. Денес.“
„Мојот следен чекор во вистинскиот правец не мора да биде голем.“

loading...
Loading...