Речиси девет милиони Американци ја примиле првата доза од вакцината

Loading...

Речиси девет милиони Американци ја примиле првата доза од вакцината против Ковид-19, а сојузните држави ги интензивираат напорите за забрзување на темпото за вакцинација на населението.
Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до вчера наутро се примени 8.987.322 дози од вакцината, што е помалку од една третина од сите дози кои Владата на САД ги дистрибуирала во сојузните држави.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, кој вети дека ќе бидат вакцинирани еден милион жители до крајот на јануари, изјави пред новинарите дека градот би можел да има недостиг од вакцини доколку федералната Влада не испрати нови количества.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кој ќе стапи на должност на 20 јануари, истакна дека ја разгледува можноста за испраќање дополнителни вакцини, со цел да се обезбедат количества за неопходната втора доза.
Втората доза од вакцината против коронавирусот треба да се прими три до четири недели по првата доза.

loading...