Речиси сите ја правиме оваа грешка во текот на пиењето кафе

Loading...

Пиењето кафе е утрински, но и попладневен ритуал кој многумина го применуваат. Повеќето од нас со кафето јадат и нешто слатко како колач или кекс, а според зборовите на диететичарот Павел Исанбаев, тоа е голема грешка.
Кафето и слатките се веројатно најлошата комбинација за организмот, вели тој. Исанбаев објаснува дека кога ќе исчезне ефектот на кофеинот, доаѓа до пад на енергијата и силата.
„Комбинацијата на кафе и слатки доведува до прекумерно растење на нивото на глукоза во крвта, која потоа нагло опаѓа. Може да се јави хипогликемија која се манифестира преку симптоми како слабост, вртоглавица, студена и леплива пот и поспаност. Кај некои овие симптоми се поизразени, а кај некои послаби, сè зависи од организмот“, вели диететичарот.
Специјалистот исто така додава дека кафето содржи антинутриенти кои ја попречуваат апсорпцијата на елементите во траги и витамините од храната, па затоа е најдобро истото да го консумирате помеѓу оброците.

loading...
Loading...