Решението меѓу Грција и Северна Македонија е клучно за регионот

Loading...

Во своето обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1“ грчкиот премиер Алексис Ципрас рече: Заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.
-Сметам дека ова е многу критичен момент за светските и регионалните случувања и треба кризата да ја оставиме зад нас и да изградиме нови темели за поддршка на нашата регионална и глобална соработка. Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Конференцијата и ги спомена, „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот“, како што е кинеската инвестиција „ Cosco“ во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road“.
На маргините на конференцијата била одржана и средба на премиерите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која станало збор за соработката меѓу трите земји, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.
-Според дипломатски извори, хрватскиот премиер им честиташе на Грција и Северна Македонија за Договорот од Преспа. Во овој контекст, се разговараше за соработката на Грција и Хрватска за почеток на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, објави АНА-МПА.

 

loading...