Рижото со пилешко, печурки и зеленчук

Loading...

Потребни состојки:
300 г пилешко
1 шолја ориз
2 шолји вода
1 шолја млеко
Печурки, зеленчук
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото, печурките и зеленчукот на парчиња. Најпрво пропржете го кратко пилешкото на масло во истата тава во која ќе го подготвувате оризот. Додадете ги печурките и зеленчукот по избор. Може да додадете морков и праз, а пред печење и грашок. Пропржете 2-3 минути, па додадете го и оризот и пропржете го уште 4-5 минути на средна температура. Додадете 2 шолји вода и 1 шолја млеко. Можете и само вода. Од зачини додадете сол, буковец, сушен зеленчук, кари и ѓумбир. Печете го во загреана рерна на 220-240 степени околу 20-30 минути.
На здравје!

loading...