Рита Ора во обид да ја врати најлошата фризура на сите времиња

Loading...

Иако пејачката Рита Ора е позната по честото менување на имиџот, овојпат изненади со својата нова фризура.
Планетарно популарната пејачка од Косово, се обидела да ја врати во мода најлошата фризура на сите времиња и искрено се надеваме дека нема да ѝ успее.
Погодувате за каква фризура станува збор? Можеби ќе ви помогне ако откриеме дека оваа фризура била најпопуларна во 80-тите години на минатиот век, а ја карактеризираат краток горен дел и прамени до вратот.


Да, за жал станува збор за “фудбалерка”, која ниту на убавата пејачка, исто како и на сите други, не ѝ прилега нималку. Но изгледа дека Рита се заљубила во 80-тите, бидејќи, освен фризурата, пронашла инспирација и за својот аутфит, кој исто така бил носен во тоа време.
Носела бела светкава миди тоалета, со набрана ткаенина на струкот и детаљ, кој последен пат бил во мода во 80-тите години. Оваа тоалета ја искомбинирала со црни каубојски чизми, кои се водечки тренд за чевли оваа сезона. Инаку, Рита не е единствената дама која се обиде да ја врати во мода “фудбалерката”.
Тоа пред неа го направиле нејзините колешки Ријана и Зендаја, и тоа во 2016-та година, а ако нив не им “одело од рака” враќањето на овој тренд, се сомневаме и во Рита.

loading...