Ричард Бартон доби ѕвезда на Булеварот на славните

Loading...

Легендарниот актер Ричард Бартон (1925 – 1984) постхумно ќе добие своја ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните на 1-ви март, јавува BBC.

Ѕвездата во чест на Ричард Бартон ќе биде поставена на празникот свети Давид, заштитник на неговата татковина Велс и по повод 50-годишнината од премиерата на историскиот спектакл „Клеопатра” во кој го толкуваше ликот на Марк Антопние.
Ѕвездата на Бартон ќе биде поставена покрај ѕвездата посветена на Елизабет Тејлор, неговата партнерка во споменатиот филм.
Двојката Тејлор и Бартон имаа долга, бурна и страсна врска и своевремено беа најславната филмска двојка, како во приватниот живот, така и на големите екрани. Заедно настапија во девет филмови.
Ричард Бартон седум пати беше номиниран за Оскар, но не го добие ниеднаш.
Макфакс
Легендарниот актер Ричард Бартон (1925 – 1984) постхумно ќе добие своја ѕвезда на холивудскиот

loading...