РКЕ ги објави новите цени на струјата: Од поскапување ќе се спасат само тие што трошат најмалку

Задутре стартуваат НОВИТЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ на струјата. Според објавеното од РКЕ во високата или скапа тарифа, во првиот блок до 210 киловатчасови семејствата нема да плаќаат поскапо затоа што ЕВН бара за нив цена од 4,35 денари. Таму коефициентот за пресметка е 0,99, што значи дека тие домаќинства ќе плаќаат поевтина струја за 1 процент. Тоа е блокот означен со БТ1.

Според Бислимовски со ваквото поскапување всушност се штитат најранливите категории.

„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за
17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот
систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на
Регулаторна комисија за енергетика.
Ако не трошите струја, нема ни да плаќате.

Вториот блок, односно оние доќинства кои ќе трошат помеѓу 211 и 630 киловати, ќе плаќаат поскапа струја за 7 отсто бидејќи според табелата на РКЕ, таму коефициентот за пресметка е 1.07, а ЕВН бара 4,69 денари по киловатчас.

20 отсто поскапа струја ќе плаќаат оние кои ќе влезат во третиот блок и трошат помеѓу 631 и 1.050 киловатчасови. Односно таму цената би била 5,27 денари по киловатчас.

Најголемо поскапување ќе има за најголемите потрошувачи. Сите во четвртиот блок кои трошат над 1.050 киловати ќе плаќаат поскапа струја за 320 проценти.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.