Роберт поминал 37 години во затвор без вина, сега ќе му исплатат 14 милиони долари отштета

Тој, наводно, бил осуден врз основа на трага од каснување на образот на жртвата, пишува Гардијан.

Тој бил зад решетки 37 години додека една организација во САД не ги убедила истражителите повторно да го отворат случајот. Резултатите од ДНК анализата покажале дека трагите не се совпаѓаат со ДНК на Роберт.

Во 2020 година, Роберт конечно е ослободен и веднаш поднел тужба против градот Тампа за неправдата што му била направена.

Неговиот правен тим ги тужел и полицајците кои тогаш ја воделе истрагата, како и вештакот кој сведочел дека трагата од каснување на образот на Барбара е на Роберт.

Поротата на крајот пресудила дека властите се обврзани да му исплатат отштета од 14 милиони долари.

„Тоа беше голема грешка. Се надевам дека отштетата ќе му донесе утеха“, рече член на градскиот совет.

Роберт, кој работи како обезбедување во клуб, вели дека сака да продолжи понатаму и да го затвори тоа поглавје од својот живот.

Парите ќе ги искористи за да купи куќа.

„За мене тоа значи дека конечно е готово. Мило ми е што не морам повеќе да се занимавам со тоа. Парите, куќите, автомобилите, ништо од тоа никогаш не може да го врати изгубеното. Но, не сум огорчен. Не сакам да си го трошам времето на тоа“, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: