Родителите збунети, наставниците под притисок – ќе заѕвони ли утре за прв училишен час?!

Loading...

Ќе тргнат ли првачињата утре на училиште?! Одговорот на ова прашање родителите го бараат на социјалните мрежи бидејќи немаат конкретни информации од училиштата. На некои училишни згради е истакнато дека утре ќе има приредба за дечињата кои првпат седнуваат во училишните клупи, но од друга страна пак, професорите сугерираат децата да не се носат на училиште, бидејќи тие ќе штрајкуваат.
Родителите збунети, првачињата разочарани.
-Ќе го облечам детето утре, со нетрпение го чека првиот училишен ден. И што ако го однесам до школкиот двор и треба да го вратам назад?! Каква претстава ќе добие тоа за школството, за одговорност, за образование. Ние сме збунети. Од една страна истакнати списоци, од друга страна наставници кои велат дека нема да работат – коментира мајка на дете кое утре треба да стане прваче.
Некои родители сугерираат да се почитува одлуката на просветните работници и да не им се врши притисок.
-Штрајк во понеделник. Само еден ден. Од вторник настава и приредба и се. Сите треба да бидете солидарни. Секако има притисоци од секаде, ама барем родителите да имаат разбирање и да дадат поддршка – коментираат родители на социјалните мрежи.
Вчера пак министерот за образование и наука Арбер Адеми, упати писмо до менаџментот, вработените и учениците во основните и средните училишта дека овој почеток ќе биде поинаков од сите претходни.
Од СОНК остануваат на одлуката за предупредувачки штрајк на првиот училишен ден. Претседателот Јаким Неделков вели дека и по разговорите со Министерот за образование ставовите не ги доближиле. Останува нивната одлука штрајкот да трае само тој ден, а доколку до крајот на септември пак не се договорат соО ресорното Министерство за висината на покачувањето на платите, тогаш ќе размислуваат и за генерален штрајк. Барањата на СОНК се да добијат 25 насто покачување на платите, бидејќи како што посочуваат, платите на просветните работници во моментов се далеку под националниот просек.

 

loading...