Розберг најбрз на последните тестирања

Loading...

Последниот ден од претсезонските тестирања на Формула 1 тимовите, во Барселона, мина во знакот на возачот на Мерцедес Нико Розберг.

Германецот, кој на патеката „Каталуња“ мина 131 круг, најмногу од сите возачи, го извозе најбрзиот круг со време ос 1:20.130 минути. Розберг за три ипол десетинки имаше подобро време од Фернандо Алонсо, додека трет заврши Џенсон Батон. Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел последнот тренинг-тест го заврши на осмото место со две ипол секунди послабо време од Розберг. Светското првенство во Формула 1 ќе стартува на 17.март со трката за Големата награда на Австралија, која ќе се вози во Мелбурн.
Макфакс
Последниот ден од претсезонските тестирања на Формула 1 тимовите, во Барселона, мина во знакот

loading...