Рокови на употреба за кои никогаш не сте слушнале

Loading...

Сигурно многу од вас ќе се изненадат!
На сите одамна ни е јасно дека живееме во време на опасен конзумеризам и колку и да трошиме, секогаш ќе се најде нешто што ќе нè натера да потрошиме повеќе. Но, покрај времето во кое живееме, некои рокови на траење на одредени производи воопшто не се за потценување.Како што пренесува Daily Mail, ова се производите кои најчесто ги користиме подолго од дозволениот рок. Еве колку често треба да ги менувате:
1. Перници: 6 месеци
Освен што се тек на време стануваат неудобни за Вашиот врат и ‘рбет и го менуваат својот облик, перниците собираат масти, прашина, мртви клетки од кожата и бактерии. Сè тоа што се собира во нив може да предизвика алергиски реакции и астма. За да ги спречите овие несакани последици, перниците треба да ги замените со нови на секои 6 месеци.


2. Четкички за заби: 30 дена
Наводно,во текот на еден месец на четкичките за заби се собираат доволно бактерии за да доведат до сериозни инфекции и проблеми на забите и непцата. Затоа, најдобро е четкичките да ги менувате на 30 дена.
3. Градници: 8 месеци
Ако им верувате на стручњаците, дури и најквалитетните градници го губат квалитетот по 8 месеци, се опушта материјалот и не ја даваат потребната поддршка и заштита на градите.


4. Сунѓери за миење садови: 7 дена
На само еден квадратен сантиметар од сунѓерот може да живеат дури и до 10 милиони бактерии, меѓу кои и кампилобактера, бактерија која може да доведе и до парализа.
5. Кациги: 3 години
Ако имате кацига за велосипед или моторцикл, треба да ја менувате на секои 3 години.
6. Патики за трчање: 6 месеци
Патиките за трчање наводно ја губат својата флексибилност откако во нив ќе поминете 800 километри.

loading...