Рок легендите АРЕА најавени на Дојран Рок Фест

Здружението Андерфест ќе го одржи второто издание на Дојран Рок Фест. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел Романтик во Стар Дојран на 6.ти август 2022 година.

„Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на Дојран Рок Фест. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6 Август 2022 на сцената на Базен Хотел Роматик во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди АРЕА кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј.

Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот“ соопштуваат организаторите на фестивалот.

Забележете си го датумот и се гледаме на Дојран Рок Фест !!!

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 денари во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 200 денари. Покровители на настанот се Министерството за Култура, Општина Дојран, Дојран Стил, Абсолут и Бифитер.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.