Рок-ѕвездата Рик Окасек пронајден мртов во Њујорк

Фронтменот на рок-групата “Карс“, Рик Окасек беше пронајден мртов во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите реагирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била констатирана смрт.
Нема знаци на насилство и напад. Причината за смртта на рокерот ќе биде утврдена по обдукцијата.
Меѓу најпознатите хитови на “Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се Just What I Needed, Shake it Up и Drive. Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните.

Loading...