Ролат од мелено месо

Loading...

500 г мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 кришки бајат леб омекнат во млеко
1 јајце
5 варени јајца
100 г чадена сланина
3 кисели краставички
1 лажица црвен пипер
1/2 лажичка мајчина душичка
масло, сол и мелен црн пипер
Меленото месо измешајте го со ситно исечканиот кромид и лук, јајцето, лебот, зачините и 3 лажици масло. На намрсена алуминиумска фолија ставете ја смесата и расплескајте правоаголник со дебелина од околу 1 см.
На него наредете ги лентите сланина и стапчињата кисели краставички. На средината наредете ги  варените јајца и со помош на фолијата свиткајте ролат.
Ставете го во тава попрскана со масло. Печете 30 минути на 200 степени. Одвиткајте ја фолијата и оставете ролатот да порумени.

loading...