Ролат со кокос прелиен со чоколадо

Loading...

Потребни состојки:
300 мл млеко
120 г шеќер
2-3 пакетчиња ванилин шеќер
6 лажици гриз
80 г путер или маргарин
130 г кокос
60 г бело чоколадо
Малку мелени печени лешници, ореви, кикирики
За глазура
50 г чоколадо
40 мл слатка павлака


Начин на подготовка:
Сипете млеко во тенџере и додајте ванилин шеќер. Откако ќе се загрее, сипете гриз. Мешајте со лажица и варете уште 5 минути.
Потоа, додадете маргарин и мешајте додека да се стопи. Сипете кокос и мешајте постојано за да омекне смесата.
Обложете помало парче со хартија за печење и ставете ја добиената смеса од кокос. Распоредете ја, па растопете бело чоколадо и со една лажица масло премачкајте го ролатот. Потоа наросете лешници. Преостанатото чоколадо прелијте го преку лешниците и размачкајте со лажица.
Оставете го во фрижидер за да се излади или оставете го половина час во замрзнувач. Направете глазура така што ќе растопите чоколадо со слатка павлака и украсете го ролатот по желба. Оставете уште неколку минути во фрижидер за да се стегне глазурата.

loading...