Ролнички од пилешко месо и тиквички: Вкусен летен оброк

Подгответе совршено јадење од омилената летна намирница – тиквичката.
Наместо да готвиме и подготвуваме тешки јадења, во текот на летото сакаме лесни оброци како паста или овој во продолжение. Можете да го послужите со парче леб и да го сервирате за ручек или вечера. Вака подготвените ролнички се и одличен прилог за секоја трпеза.
Потребни состојки:

  • 2 тиквички со средна големина
  • 500 гр. пилешко филе
  • 50 гр. мајонез
  • 100 гр. пармезан (или друго тврдо сирење по желба)
  • 2 домати
  • 20 гр. презла
  • 20 гр. пармезан
    Начин на подготовка:
    1.Исечете го месото на тенки шницли, покријте го со проѕирна фолија и исчукајте го со чекан за месо.
    2.Ставете сол и бибер, па премачкајте со мајонез.
    3.Одозгора ставете парче кашкавал и парче домат, па свиткајте во ролат.
    4.Тиквичките исечкајте ги на тенки ленти, па ставете две, една покрај друга и ставете го месото врз нив.
    5.Повторно свиткајте во ролат и наредете ги на тава за печење обложена со хартија.
    6.Одозгора ставете презла и пармезан врз секоја ролничка и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.