РОНАЛДО: Ја почитуваме Македонија, но…

Португалија ќе биде следниот противник на македонската фудбалска репрезентација. Само една од вие две репрезентации ќе се пласираат на Светското првенство (СП) во Катар.
Несомнено дека во финалето повторно Македонија ќе биде таа која ќе ја има аутсајдерската улога, но овој пат Португалија сериозно ќе пристапи на мечот против нашите момци.
За оваа средба, со свој коментар излезе Кристијано Роналдо:

„Го направивме првиот чекор кон СП 2022. Се уште ништо не е постигнато, ништо не е остварено. Мора да продолжиме со цел фокус на следниот натпревар. Ја почитуваме Македонија, но секогаш постои верба во нашите способности. Напред Португалија, одиме во Катар“, порача Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.