Ротквичките се вистинска супер-храна, дознајте зошто е важно да ги јадете

Loading...

Интересен е фактот дека постојат дури 35 вида на ротквички.
„Ротквичките се вистинска супер-храна“, вели нутриционистот Меган Брд. „Содржат голема количина на витамин Ц, калиум, витамин Б, железо, витамин К, магнезиум и цинк“.
Исто така содржат и глукозинолати кои имаат противвоспалителни својства. Со толку добри состојки, не е ни чудно што се сметаат за суперхрана.
Го подобруваат имунитетот
Витамините Ц и Б кои се содржат во ротквичките го зајакнуваат имунолошкиот систем. Витаминот Б помага во создавање на ензими и создавање на нови органски молекули, а тоа помага во изработка на нови имунолошки станици кои ги извршуваат функциите на вашиот имунолошки систем.
Го намалуваат ризикот од рак и дијабетес


Витаминот Ц во ротквичката игра важна улога за превенција на рак. Содржат соединенија познати како глукозинолати, чија улога е да ги штитат клетките од генетски мутации кои предизвикуваат рак.
Исто така, го намалуваат и ризикот од појава на дијабетес.
Го подобруваат варењето на храната
Ротквичките се природен чистач на дигестивниот систем, помагаат да се разгради, елиминира заостанатата храна и токсините кои биле наталожени со текот на времето. Покрај тоа, тие се корисни за намалување на надуеноста на стомакот и го олеснуваат варењето на храната.
Малку калории
Содржат малку калории, а богати се со хранливи материи. Во една чаша ротквици има помалку од 20 калории, а се одличен извор на хранливи материи и растителни влакна кои го чуваат здравјето.

loading...