Русите веќе продаваат парчиња од паднатиот метеор

Loading...

Делови од метеорот што падна врз Чељабинск веќе се продаваат на некои руски интернет страници.
„Евтино продавам делови од метеорот, подоцна ќе објавам фотографии“, напишал еден Русин.Колкава ќе биде цената по парче засега не е познато, но инаку продажбата на метеори не е толку честа.Аукција досега е одржана во Њујорк минатата година и на неа беа продадени метеори од Марс и најголемото парче карпа од Месечината за повеќе од милион долари.На аукцијата се понудени околу 125 метеори, од сиви грутчиња железо, до сјајни и мазни небесни предмети кои светкаат.Еден пар од Тенеси неодамна откри дека каменот што од 1930 година е во сопственост на нивното семејство, всушност е дел од метеор паднат на Земјата најверојатно во 1853 година. Го продале на Универзитетот во Кентаки, од каде процениле дека метеорот е стар повеќе од 4,5 милијарди години, но не е познато за која цена.
МакфаксДелови од метеорот што падна врз Чељабинск веќе се прода

loading...