Русите ја нарекуваат ‘морска зелка’, а Јапонците ‘комбу’ – оваа билка е одлична во превенција на канцер

Loading...

Штити од радијација, ја нормализира работата на штитната жлезда, го зголемува либидото – неверојатно е тоа колку болести лечи оваа морска билка.
Русите ја нарекуваат ‘морска зелка’, а Јапонците ‘комбу’. На Далечниот Исток алгите се подготвуваат на разни начини, и секое едно јадење не е само вкусен деликатес туку и ефикасен лек.
Доколку не јадеш ‘комбу алги’ тогаш ти си непријател на државата. Таков закон важел за Кинезите во 13-от век. Императорот Чоу Тзуим им наредил на поданиците да консумираат најмалку 2 килограми комбу алги годишно.
Владателот дури обезбедил бесплатна достава за морските билки во секој град и секое село.
Кинезите веќе тогаш биле свесни за лековитите својства на ‘морската зелка’. Но, алгите најмногу ги сакале нивните соседи – Јапонците.


Во Земјата на изгрејсонцето од овие билки правеле 300 различни јадења.
Русите на Далечниот Исток исто така ги консумирале, но во европскиот дел од земјата за комбу алгите не слушнале до почетокот на XX-от век.
Во Москва и во Петербург морските алги се појавиле благодарение на претприемачот Хорват Божечко. Тој исто така направил фабрика за произведување мармалад од комбу алгите. Мармаладот станал многу популарен во Русија, но жителите немале поим за вистинската вредност на оваа морска билка.
Лековити својства на оваа билка:
– Ја нормализира работата на штитната жлезда
– Спречува тумори
– Го подобрува метаболизмот
– Го зајакнува имунитетот
– Служи како превенција против авитаминоза
– Има антисклеротично дејство
– Го поттикнува слабеењето
– Се бори со анемијата
– Го намалува холестеролот
– Го подобрува помнењето
– Го зголемува сексуалниот нагон
– Има антидепресивно и антистресно дејство.

loading...