Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива во првите 100 дена од војната, најмногу испратени во ЕУ

Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива за време на првите 100 дена од војната во Украина, а повеќето од нив биле испратени во Европската унија по просечна извозна цена околу 60 отсто повисока од минатата година, според новата студија.

Русија заработила 93 милијарди евра од извозот на фосилни горива во првите 100 дена од војната

Извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чист воздух (CREA), со седиште во Финска, покажа дека ЕУ преземала 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива во текот на првите 100 дена од војната, во вредност од околу 57 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.