Русија и Украина утре попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито

Русија и Украина утре попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито, соопшти турското претседателство.

Русија и Украина утре попладне во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито

На церемонијата на потпишување ќе учествуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и претставници на Русија и Украина, соопшти турското претседателство.

Тоа е план на Обединетите нации да го деблокира извозот на украинското жито и да и дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво.

Гутереш работеше на план кој ќе и овозможи на Украина да извезува милиони тони жито од магацините блокирани во пристаништата на Црното Море во Украина поради војната. Ова би можело да ја ублажи глобалната криза со храна која предизвика зголемување на цените на житото и другите житарки.

Страните се состанаа минатата недела во Истанбул кога беше постигнат пробен договор за планот.

Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното Море и механизам што ќе ја гарантира безбедноста на рутите, рекоа турските власти.

Во Истанбул ќе биде формиран координативен центар за испраќање извоз и ќе вклучува претставници од ОН, Турција, Русија и Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.