Русија отвора нова истрага за аферата Магнитски

Loading...

Русија отвори нова истрага во врска со аферата за смртта на адвокатот Серегеј Магнитски, кој почина во затвор во Москва, по што САД донесоа закон со кој им се забранува влез на сите руски државни функционери кои наводно се виновни за смртта на адвокатот на што Москва одговори со забрана за посвојување руски деца во американски семејства и укинување визи за Американци кои се вмешани во злоставување деца, соопшти во петокот фондацијата „Hermitage Capital“.
Сергеј Магнитски беше адвокат кој ги истражуваше случаите на наводна корупција во руските државни компании. Магнитски почина во притвор во Москва во текот на истрагата поради сомневањата дека му помогнал на британскиот инвестициски фонд „Hermitage Capital Management” кој го раководеше Вилијам Броудер да избегне плаќање данок. Броудер е протеран од Русија како државен непријател. Само неколку дена по смртта на Магнитски истече рокот од една година колку што можеше да биде притвор без обвинение, а починал од срцев удар.Истрагата ја отворил руското министерство за внатрешни работи, и тоа уште на 24-ти јануари 2013 година, и ги опфаќа „колегите на Магнитски“, соопшти фондацијата за западни вложувања којашто го вработуваше спомнатиот адвокат кој бил специјализиран за даноци, неизнесувајќи други детали за лицата кои се опфатени со истрагата.Во рамките на истрагата министерство за внатрешни работи на Руската Федерација побарало од московската филијала на британската банка HSBC да му ги достави банкарските изводи на осум компании поврзани со Фондацијата Hermitage, сé до 1996 година.„Доколку одбие, функционери на министерството се заканиле на банката дела ќе и’ испратат припадници на специјални служби“, се наведува во соопштението на британската фондација, цитирајќи го наводно писмото од руското министерство до коешто наводно дошла.Фондацијата Hermitage во своето соопштение потенцира дека новата истрага се отвора еден месец откако рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција најавил дека сака „да се нурне подлабоко“ во таа афера.Сергеј Магнитски беше уапсен во 2008 година откако открил наводни малверзации од 5,4 милијарди рубљи (130 милиони евра), на полициски функционери и даночните власти на штета на работодавачи и на руската држава. За фискална проневера тогаш го обвиниле истите функционери коишто ги прокажал, тврди Hermitage.
 МакфаксРусија отвори нова истрага во врска со аферата за смртта

loading...
Loading...