Русија планира да ја намали царината за извоз на нафтата

Loading...

Руското министерство за финансии планира постапно д аја намали царината за извоз на нафтата, но и да го зголеми данокот на вадење руди од 2014 година, за да се постигне поголема рамнотежа во даночниот систем на Русија, изјави во понеделникот за медиумите висок функционер во министерството.

 
Иља Трунин, челник на секторот за даноци и царини при руското министерство за финансии, изјави дека предлогот за постапно намалување на царините на извоз на нафтата би можел да биде изложен во јавноста кон средината на мај. Овој данок би можел да биде намалува за два до три процентни поени на годишно ниво, за да се види како ќе реагира нафтениот сектор.
„Доколку царината на извозот на нафтата изнесува 60 отсто од цената на нафтата, би можела да биде намалена на 58 до 57 отсто, паралелно со зголемувањето на даноклот на вадење руди”, рекол Трунин.
Воедно напомнал дека новите даночни прописи би можеле да доведат до зголемувањето на цените на горивата.
Таквите предлози ќе се одразат врз работата на руските произведувачи на нафтата, како „Роснефт”, Лукоил” и „Газпром Нефт”. Нафтените компании сметаат дека според сегашниот даночен систем речиси не е возможно да се инвестира во развој на скапата гринфилд инфраструктура, неопходна за одржување на производството на постојните нивоа од околу 10 милиони барели нафта дневно.
Русија, најголемиот светски произведувач на нафта, истовремено мора да го зајакне буџетот за исполнување на ветувањата што ги даде претседателот Владимир Путин во врска со социјалните давачки.
Откако данокот за експлоатација на рудните ресурси не беше менуван седум години, минатата 2012 година беше зголемен за 6,4 отсто, а годинава за дополнителни 5,4 отсто на 470 рубљи, односно 15 американски долари по тон. Притоа, во овој данок се вкалкулирани и одредени олеснувања, во зависност од нафтеното поле кое се експлоатира.
Според процените на руското министерство за финансии и на аналитичарите на Reuters објавени претходно во април, се очекува дека руската царина на извозот на нафта во мај би можел ада се намали за 5,8 отсто, на 378, 4 долари по тон, во споредба со 401,5 долари во април, по намалувањето на цената на нафтата.
Макфакс
Руското министерство за финансии планира постапно д аја намали царината за извоз на нафтата, н

loading...
Loading...