Русија поради Сирија ги обвинува САД за двојни стандарди

Loading...

Русија во петокот ги обвини Соединетите држави за двојни стандарди по прашањето на конфликтот во Сирија, обвинувајќи ја администрацијата во Вашингтон за блокира на изјават ана Советот за безбедност прид Обединетите наци во која се осудува најновиот бомбашки напад од четвртокот во сириската престолнина Дамаск.

 Во четвртокот во терористичкиот напад изведен со автомобил бомба во време сообраќајниот шпиц на најпрометната сообраќајница во Дамаск, во близина на седиштето на владејачката партија Баас, амбасадата на Руската Федерација, болница и училиште, загинаа 90 луѓе а повеќе од 200 беа ранети.
„Разочарани сме, бидејќи поради позицијата на САД во Советот за безбедност при ОН, не е осуден терористичкиот напад во Сирија”, изјави рускиoт министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со шефот на дипломатијата на Кина.
„Сметаме дека тука станува збор за двојни стандарди и притоа ја гледаме многу опасната тенденција на нашите американски колеги дека се подготвени да отстапа од клучните принципи за безусловно осудување на секој терористички чин, начело коешто го гарантира единството на меѓународната заедница во борбата против тероризмот”, додал Лавров,
Повикал и сите партнери да се раководат од Женевскиот договор за Сирија, потпишан од сите инволвирани страни на 30-ти јуни 2012 година.
Агенцијата Reuters забележува дека Русија го искористила својот статус на постојана членка на Советот за безбедност при ОН за блокирање на три последователни резолуции против сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Москва и Пекинг од претходно одговорија дека не се согласуваат со претходните резолуции поднесени во Советот за безбедност од западните и арапските земји кои ја поддржуваат претежно сунитската опозиција во Сирија, бидејќи за крвопролевањата со нив се осудува само владата на претседателот Асад а не и вооружената опозиција, како и дека со нив се создавал можност за повторување на ткн. Либиско сценарио, односно странска воена интервенција на сириска територија
Makфакс
Русија во петокот ги обвини Соединетите држави за двојни стандарди по прашањето на конфликтот во Сирија, обвинувајќи ја администрацијата во Вашингт

loading...